Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Пол Погба доби и втор позитивен допинг-тест и поради тоа го чека суспензија од неколку години, а селекторот на Франција, Дидие Дешам кажа дека му е жал што тоа му се случило на искусниот играч.
Погба треба пред Суд да каже зошто имал позитивни тестови и да се обиде да се спаси од суспензија.
„Жал ми е за Погба. Многу работи се случија. Тој е во тешка ситуација и ќе мора да се брани, иако тоа е долга процедура. Сè започна со допинг-тестот. Не знам што ќе биде со него и сè уште не знаеме дали некогаш ќе настапи за Франција“, вели Дешам.