Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Италија ја стресе скандалот со обложување на фудбалерите, а веќе се води истрага против Николо Фаџоли, Николо Заниоло и Сандро Тонали.
Заниоло и Тонали беа отстранети од репрезентацијата откако пред два дена полицијата им го прекина тренингот и ги однесе во полициска станица.
Италијанските медиуми пишуваат дека постои уште еден фудбалер кој е вмешан во скандалот, а новинарот Фабрицио Корона тврди дека на списокот се наоѓаат уште неколку играчи.
Последниот играч чие име се појави во јавноста е Никола Залевски од Рома, па така и на него, како и на останатите им се заканува суспензија од неколку години ако се докаже дека се виновни.