Работнички продаден за 600.000 евра на нов сопственик


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Поранешниот македонски шампион и учесник во европските купови, Работнички доби нов сопственик, а тоа е турската компанија „Џевахир“.

Македонска берза“ објави дека се продадени 250 акции од клубот, односно целата трансакција изнесува 36.904.250 денари, т.е. околу 600.000 евра.

„Романтичарите“ ги очекува реконструкција во следниот период, а главна цел на новите сопственици е да го вратат клубот од Дебар Маало на врвот во Првата лига и да обезбедат излез во Европа.

Интересно е тоа што новиот сопственик плати 24 пати поскапо за да ги добие сите акции од скопскиот гигант, зашто номиналната вредноста за една акција изнесувала 100 евра, а Турците платиле 2.400 евра.