Француски министер го обвини Бензема: Тој соработува со терористи!


Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓


Францускиот министер за внатрешни работи, Жералд Дерманан го обвини напаѓачот на фудбалската репрезентација Карим Бензема.

Дерманан во телевизиско интервју кажа дека Бензема соработувал со терористи и поради тоа против него ќе биде почната истрага.

„Затворивме над 1.000 муслимански центри во земјата, но сега јавно го повикувам Бензема. Тој одржува контакти со терористи и сите знаеме дека е во контакт со ‘Муслиманско братство’“, обвини министерот.