Анчелоти си заминува, а Мурињо се враќа во Реал Мадрид!?


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Италијанскиот тренер Карло Анчелоти на крајот на сезоната најверојатно ќе го напушти Реал Мадрид, иако негира, а како негова следна дестинација се споменува Бразил.

Во исто време е познато дека Жозе Мурињо не сака да го продолжи договорот со Рома и ќе ја напушти екипата од Рим, а сега шпанските медиуми пишуваат дека тој ќе се врати во Мадрид.

Мурињо го тренираше Реал од 2010 до 2013 година, кога го замени Анчелоти, а сега повторно би можел да се врати во клубот.

„Кралевите“ водат преговори и со Зинедин Зидан, но тој наводно не бил расположен за враќање во клубот, а еден од кандидатите за нов тренер е и Чаби Алонсо кој одлично го предводи Баер Леверкузен.