Ливерпул подготвува „бомба“: Клоп испратил скаути во Серија А


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп сака да ја подобри ефикасноста во нападот на премиерлигашот, а поради тоа планира да купи нов напаѓач.

На листата со желби на тренерот на Ливерпул се наоѓа напаѓачот од Наполи, Виктор Осимен, а Клоп веќе испратил скаути да го гледаат Нигериецот.

Ливерпул наскоро би можел да го загуби и Мохамед Салах, па тоа е дополнителна причина зошто на клубот му е потребен офанзивен играч.

Осимен не е во најдобри односи со стратегот Руди Гарсија, кој има лоши резултати на почетокот на новата сезона и наводно е подготвен да прифати трансфер, а освен Ливерпул, за неговите услуги е заинтересиран и Челси.