Мудрик блескаше, голманите немаа своја ноќ: Арсенал освои бод на гости кај Челси (Видео)


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Челси вечерва прокоцка триумф во дербито против Арсенал (2-2) во деветтото коло од Премиерлигата.

„Сините“ беа на добар пат да освојат три бода и да скокнат во горниот дел на табелата, откако имаа водство со 2-0, со головите на Кол Палмер од пенал и Михаило Мудрик на почетокот на вториот дел.

Арсенал тргна со сите сили во напад, а голманот Санчез им направи услуга, откако им подари гол за 1-2 (во листата на стрелци се запиша Рајс), а потоа Тросар погоди за 2-2.

Двете екипи во завршницата се обидуваа да стигнат до трет гол, но не успеаа во својата намера и резултатот остана 2-2.