Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најбогатиот Британец, Сер Џим Ретклиф наскоро ќе купи 25 отсто од акциите на Манчестер јунајтед и тоа може да предизвика промени во клубот.
Наводно милијардерот планира да му даде отказ на тренерот Ерик Тен Хаг, а на негово место да го ангажира Грем Потер кој пред неколку месеци доби отказ од Челси.
Навивачите не се среќни поради неговиот избор, иако Потер беше одличен во Брајтон, но потоа разочара со резултатите во гигантот од Лондон.
Тен Хаг досега го предводеше премиерлигашот на 74 натпревари и постигна 47 победи, девет ремија и 18 порази.