Митревски избран во тимот на колото во ЛШ (Видео)

Македонскиот голман Никола Митревски беше одличен на голот на Порто против ГОГ Гудме во Лигата на шампиони (ЛШ).

Митревски запиша 14 одбрани и му помогна на Порто да слави со пресврт со 32-31, а неговата двојна одбрана се најде меѓу топ-5 одбрани во колото, но тој доби место и во идеалниот тим за шестото коло од ЛШ.