Гвардиола ги осуди навивачите кои го навредуваа Боби Чарлтон

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола ги осуди навивачите кои го навредуваа легендарниот Сер Боби Чарлтон.

Двајца навивачи го навредуваа поранешниот напаѓач на Манчестер јунајтед, а клубот набрзо ги идентификуваше и им изрече забрана за влез на натпреварите.

Гвардиола на прес-конференцијата пред мечот против „црвените ѓаволи“ даде коментар за инцидентот.

„Такви навивачи не се потребни на трибините. Алкохолот ги тера луѓето да прават лоши работи. Ние го почитуваме Јунајтед, а тоа го покажавме и кога победуваме и кога губиме“, вели Гвардиола.