Киднапирани родителите на ѕвезда на Ливерпул (Видео)

Фудбалерот на Ливерпул, Луис Диаз доби вести дека неговите родители се киднапирани во Колумбија.

Претседателот на Колумбија, Густаво Петро објави дека мајката била пронајдена и спасена на северот на земјата, но таткото сè уште е исчезнат.

Генералниот директор на полицијата, Вилијам Саламанка ги мобилизираше полициските единици да го решат случајот.

„Бараме насекаде, идентификуваме луѓе на мотори, пребаруваме простори и автомобили“, кажа Саламанка.