Реакциите на Халанд и Мбапе кога Меси ја доби „Златната топка“ (Видео)

Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси ја освои „Златната топка“, односно наградата за најдобар фудбалер во светот, но ова не им се допадна на многумина.

Зад Меси останаа Ерлинг Халанд и Килијан Мбапе, а според нивната реакција не беа пресреќни затоа што Аргентинецот беше избран пред нив.

Халанд освои повеќе титули од Меси минатата сезона, а постигна и повеќе голови, но очигледно тоа не беше доволно да ја крене „Златната топка“.