Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Френсис Нгану издржа 10 рунди против светскиот шампион во тешка категорија во ВБА, Тајсон Фјури, но ги доби и симпатиите кај дел од навивачите кои сметаа дека заслужил да победи.
Британскиот боксер го пофали настапот на Нгану и кажа дека тоа му била најтешка борба во последните 10 години, но притоа призна дека тренирал напорно за да биде во форма.
„Нгану е одличен борец. Ако не тренирав напорно, најверојатно ќе изгубев од него. Се чувствувам како да сум малку рѓосан. Тоа беше далеку од мојот најдобар настап“, кажа Фјури.
Фјури, за среќа, избегнал посериозни повреди во борбата со Нгану, па ќе биде подготвен за пресметка со Александер Усик.