Јунајтед не е задоволен од Онана, ќе плати 75 милиони евра за нов голман


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Манчестер јунајтед летово се засили со Андре Онана од Интер, но не ги задоволи очекувањата на премиерлигашот и затоа управата бара ново засилување.

Јунајтед не е задоволен од Онана и планира уште во јануари да тргне по нов голман, а изборот паднал врз Диого Коста од Порто.

Португалскиот репрезентативец привлече интерес и летово, но Порто успеа да го задржи, меѓутоа „ѓаволите“ со 75 милиони евра сакаат да го добијат неговиот потпис во јануари.