Перез донел одлука: Позната платата која ќе ја добива Мбапе во Реал Мадрид


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Шпанските медиуми пишуваат дека конечно е постигната соработка меѓу Килијан Мбапе и Реал Мадрид, а „Ел Чирингито“ објави дека францускиот голгетер ќе добие плата од 35 милиони евра годишно.

Мбапе минатото лето реши да остане во Париз, иако беше на чекор до преселба во Мадрид, но очигледно неговата желба е да го носи дресот на „кралевите“.

Францускиот напаѓач ќе стане најплатен играч во редовите на шпанскиот гигант, а зад него ќе ги остави Винисиус Жуниор и Џуд Белингам кои заработуваат околу 10 милиони евра годишно.

Сагата за иднината на Мбапе трае веќе со години, а иако „флертуваше“ со „кралевите“, сепак неколку пати Насер Ал-Келаифи го премислуваше и го задржуваше во ПСЖ.