Бивш тренер на Челси доби ужасни закани


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Португалскиот тренер Андре Вила-Боаш помина низ вистински пекол, објавија светските медиуми.

Во средата на ѕидот на семејната куќа се појавил графит „Предавник“, а тоа доаѓа по неговата кандидатура за претседател на Порто.

Меѓутоа, по графитот пристигнале сериозни закани кон децата на поранешниот тренер на премиерлигашот Челси.

„Добив информација дека на Вилаш-Боаш му биле испратени фотографии од неговите деца снимени во училиште во кое одат. Покрај фотографиите, имало и страшни пораки. Мора да интервенира полицијата“, вели поранешен соработник на Порто.