Анчелоти откри зошто не му дал шанса на Ѓулер против Рајо Валјекано


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Ѕвездите на Реал Мадрид не успеаа да го матираат македонскиот голман Столе Димитриевски и освоија само бод против Рајо Валјекано.

Тренерот Карло Анчелоти на располагање го имаше и турскиот талент Арда Ѓулер, но реши да не му даде шанса против Рајо.

Новинарите ги интересираше зошто Анчелоти се решил на таква одлука, а тој даде кратко, но јасно објаснување.

„Не беше вистински момент за да добие шанса на теренот. Зборувавме вчера, нема да брзаме со неговото враќање. Сепак, можам да ви потврдам дека Арда ќе игра наскоро“, вели Анчелоти.