Арсенал ќе му продаде едно од летните засилувања на Реал Мадрид

Англискиот гигант Арсенал планира да го продаде Германецот Каи Хаверц за 40 милиони евра, откако Реал Мадрид покажа интерес за неговите услуги.

„Дефенса Сентрал“ пишува дека Арсенал не е среќен поради настапите на германскиот репрезентативец, кој го купи минатото лето за 65 милиони евра.

За услугите на Хаверц беа заинтересирани и Барселона и Баерн Минхен, но наводно „кралевите“ во моментов се фаворити за неговиот потпис.