Адетокумбо ниту со 54 поени не успеа да ја урне Индијана (Видео)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Милвоки бакс загуби на гостувањето кај Индијана со 124-126, а натпреварот го одбележаа многу пресврти, но и одличниот Јанис Адетокумбо.

Гркот имаше неверојатен настап и постигна 54 поени и 12 скокови, но ниту тоа не помогна за да триумфира Милвоки.

Адетокумбо стана првиот кошаркар во историјата кој не победил на натпревар на кој постигнал повеќе од 50 поени, а имал и над 10 скокови.

Вториот меч кој се играше минатата ноќ заврши со триумф на Атланта од 120-119 против Орландо, а најефикасен на дуелот беше Тре Јанг со 41 поен.