Кошаркар на Филаделфија прегазен пред својот дом

Кошаркарот на Филаделфија, Кели Убре Џуниор заврши во болница откако во него удрил автомобил.

Инцидентот се случил во Филаделфија, во близина на домот на Убре, а по прегледите кошаркарот бил пуштен на домашно лекување.

Убре летово се пресели во Филаделфија, откако претходно играше за Шарлот хорнетс.