Хоселу: Ќе се борам за место во тимот, сакам да останам во Реал Мадрид


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Реал Мадрид оваа сезона е еден од кандидатите за титулата во Ла Лига, но претседателот на клубот Флорентино Перез прави планови за иднината и сака да купи нов голгетер.

На листата со желби на Перез се Ерлинг Халанд и Килијан Мбапе, а тоа го загрозува местото на Хоселу во екипата.

Хоселу за медиумите кажа дека не планира да замине од Мадрид, односно сака да остане и да се бори за место во клбуот.

„Се надевам дека ќе останам во Реал и ќе се борам за тоа. Одговорив добро на барањата, постигнував голови и помогнав во освојување на бодови. Анчелоти секогаш беше искрен со мене“, вели Хоселу.