Познати репрезентациите кои ќе се борат за последните три места на ЕП

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) соопшти дека 12 репрезентации ќе се борат за последните три места на Европското првенство (ЕП).

Во баражот ќе учествуваат 12 селекции, а тоа се Босна и Херцеговина, Естонија, Финска, Грузија, Грција, Исланд, Израел, Казахстан, Луксембург, Полска, Украина и Велс.

Натпреварите се закажани во период од 21 до 26 март следната година.