Уште еден фудбалер на Реал Мадрид се повреди!


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Реал Мадрид доби лоши вести пред гостувањето кај Кадиз, затоа што неизвесен за настап е Бразилецот Родриго кој се здобил со повреда на дербито против Аргентина.

Родриго е еден од најважните фудбалери на тренерот Карло Анчелоти, кој ќе мора да најде негова замена за следниот натпревар.

Анчелоти од напаѓачите во моментов може да смета само на Хоселу и Брахим Дијаз, но најверојатно ќе повика и некој од младинскиот тим на „кралевите“.

Родриго, освен повредата, има проблеми и со расисти кои го напаѓаат преку социјалните мрежи поради неговата караница со Лионел Меси.