Кин распали по Тен Хаг: Тој зборува глупости!


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Манчестер јунајтед славеше со 3-0 против Евертон и скокна до шестото место во Премиерлигата, односно има шест бодови помалку од лидерот Арсенал.

Тренерот Ерик Тен Хаг по победата ги пофали своите избраници, а посебно капитенот Бруно Фернандеш кој му го отстапи пеналот на Маркус Рашфорд.

Тен Хаг кажа дека Фернандеш направил одличен потег, но оваа изјава не му се допадна на легендарниот Рој Кин.

„Тоа што го вели Тен Хаг е ѓубре. Тен Хаг зборува глупости. Манчестер јунајтед сега е шести во Премиерлигата, а тоа пред неколку години беше срамота“, вели Кин.