Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ имаше одличен настап против Хјустон рокетс и постигна 41 поен во победата на Далас маверикс од 121-115.
Дончиќ пред три дена се здоби со скршеница на прстот, но и повреден успеа да постигна 41 поен, девет скокови и девет асистенции, додека на спротивната страна најдобар беше Сенгун со 31 поен.
Голден Стејт вориорс водеше со 72-48 против Сакраменто и многумина помислија дека лесно ќе оствари победа, но воините се распаднаа во завршницата (123-124).