Ливерпул го совлада Кристал Палас, јубилеј на Салах (Видео)


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Фудбалерите на Ливерпул беа подобри од Кристал Палас со 2-1 на гостувањето во Лондон и се искачи на врвот на Премиерлигата.

Натпреварот по добро ќе го памети и Мохамед Салах кој го постигна неговиот 200. гол во дресот на поранешниот англиски шампион.

Матета од пенал донесе водство за Кристал Палас, но радоста не траеше долго бидејќи набрзо Ају беше исклучен, а потоа Салах погоди за 1-1.

Пресвртот го комплетира Елиот кој во 91. минута ја затресе мрежата на домаќинот од Лондон.