Првиот човек на Анкарагучу му се извини на судијата откако го нокаутира! (Видео)


Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓


Претседателот на Анкарагучу, Фарук Коча вчера влета на теренот по мечот против Ризеспор и го нокаутира главниот судија.

Коча прво го нападна судијата дека глумел, но вечерва реши да ја смени изјавата и да му се извини на Халил Мелер за нокаутот.

„Им се извинувам на сите, на цела Турција и судијата Мелер. Не е важно како и зошто дојде до ова, ништо не може да го оправда моето насилство“, кажа Коча.