Гвардиола доби катастрофални вести во најлош момент!


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Во последните шест натпревари Манчестер сити славеше само двапати, а тренерот Пеп Гвардиола е свесен за кризата во која се наоѓа премиерлигашот.

Европскиот и англиски шампион остана без услугите на Ерлинг Халанд кој се повреди, па Гвардиола нема да може да го искористи против Кристал Палас.

Потоа следи и Светското клупско првенство за кое сè уште не е познато дали Халанд ќе може да настапи.

„Граѓаните“ се на четвртата позиција во Премиерлигата со 33 бодови, односно четири помалку од лидерот Ливерпул.