Анчелоти не брза да потпише нов договор со Реал Мадрид

Италијанскиот тренер Карло Анчелоти кажа дека не брза да потпише нов договор со Реал Мадрид бидејќи актуелниот му завршува во јуни 2024 година.

Анчелоти во разговор со новинарите кажа дека е среќен во Мадрид, а планира да остане ако така се чувствуваат и луѓето од раководството на тимот.

„Да се биде тренер на Реал Мадрид е најважна работа во фудбалот. Ако клубот е среќен, тогаш и јас ќе бидам. Не брзам да потпишам нов договор“, кажа Анчелоти.