Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Тренерот на Арсенал, Микел Артета има листа со потенцијални засилувања во јануари и на нив се наоѓа напаѓачот на Брентфорд, Ајван Тони.
Голгетерот на Брентфорд вреди 100 милиони евра и беше блиску до трансфер во Челси, но Арсенал дефинитивно ќе ја искомплицира ситуацијата.
За да не го прекршат финансискиот фер-плеј, „топчиите“ планираат да го ангажираат Тони на позајмица до крај на сезоната, а потоа да го откупат неговиот договор.
Нешто слично претходно направија и со голманот Давид Раја од Брентфорд, меѓутоа проблемот со Тони е тоа што Арсенал не може да позајми двајца фудбалери од ист клуб.