Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Минатата ноќ околу два часот по полноќ бил ограбен домот на голманот Александре Летелиер, а притоа била претепана и неговата сопруга.
„Ле Паризиен“ објави дека сопругата Клои била удирана со тупаница во лицете додека во раце го држела двегодишното дете, по што добила закани по животот.
Во грабежот учествувале четири лица, од кои тројца биле приведени од полицијата, а по четвртиот сè уште се трага.
Едниот од напаѓачите имал 21 година, додека останатите двајца имале по 16, а кај нив биле пронајдени украдените предмети од куќата на голманот на гигантот од Париз.