Селекторот на Белгија му се заканувал на Куртоа


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Голманот на репрезентацијата на Белгија, Тибо Куртоа кажа дека нема да игра на следното Европско првенство (СП) и откри голем скандал во селекцијата.

Доменико Тедеско на квалификацискиот меч против Австрија реши да му ја даде капитенската лента на Ромелу Лукаку, а тоа го налутило Куртоа.

Куртоа зборувал со Тедеско при што се случил конфликт и голманот добил закани од селекторот на Белгија.

„Не требаше да отидам, тоа создаде немир во соблекувалната. Се слушнав со селекторот и сакав да најдеме заеднички јазик, но не успеавме. Тој ми рече: Ако си одиш сега, ќе излезам пред новинарите и ќе кажам сè што сме зборувале, а тоа нема да биде добро за тебе“, вели Куртоа.