Анчелоти бара засилување, но Перез не попушта


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Реал Мадрид се соочува со проблеми по повредата на Давид Алаба, но и несогласувањата меѓу тренерот Карло Анчелоти и претседателот Флорентино Перез.

Анчелоти бара да се купи дефанзивец во јануари затоа што Алаба и Милитао ќе паузираат до крајот на сезоната, но Перез смета дека Рудигер, Начо, Чуамени и Карвахал се доволни на тимот.

Италијанскиот тренер наводно побарал од Перез некој млад стопер за иднината на „кралевите“, но Перез не се согласил.

Во медиумите се споменуваа имињата на Рафаел Варан, Гонзало Инасио и Антонио Силва, но најверојатно ниту еден од нив нема да ги засили „кралевите“.