Тен Хаг од Јунајтед ќе избрка фудбалер кој го ангажира ова лето!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тренерот Ерик Тен Хаг мора да прави нова реконструкција на Манчестер јунајтед, па така планира да се раздели со еден од играчите кои ги донесе летово.

Серхио Регилон дефинитивно ќе ги напушти „црвените ѓаволи“ на почетокот на следната година, односно за неколку недели.

Регилон е фудбалер на Тотенхем кој пристигна летово на позајмица во Јунајтед, но шпанскиот лев бек не се прослави во екипата од Манчестер.

Како следна дестинација за Регилон се споменува Борусија Дортмунд, која би можела да плати околу 30 милиони евра за трансферот.