Ратклиф го презема Јунајтед и избра прво јануарско засилување


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Милијардерот од Велика Британија, Сер Џим Ратклиф заедно со својата компанија ИНЕОС презема 25 отсто од акциите на Манчестер јунајтед.

Британскиот милијардер ќе го контролира спортскиот сектор во тимот, па се очекуваат засилувања уште во јануари.

Ратклиф планира да потроши одредена сума на пари за засилувања, додека изборот наводно паднал на познато име од редовите на Ница.

Жан-Клер Тодибо беше блиску до Тотнем, но по доаѓањето на Ратклиф во Јунајтед тоа би можело да се промени.

Централниот дефанзивец треба да ги реши проблемите во составот на Ерик Те Хаг, а ќе чини околу 50 милиони евра.