Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Младиот бразилски фудбалер Ендрик неодамна го освои првиот трофеј во својата кариера со Палмеирас, но допрва следува убава иднина за него бидејќи ќе игра за Реал Мадрид.
„Кралевите“ го договорија неговиот трансфер во висина од 60 милиони евра плус бонуси, а Енрик ќе се пресели во Мадрид кога ќе наполни 18 години.
„Имавме долг пат со моите родители. На истиот имаше многу пречки, но тие беа покрај мене и ми помагаа. Во одреден дел, моите родители страдаа, а имаше моменти кога гладувавме и мојата цел беше јасна. Моите родители повеќе нема да гладуваат“, кажа Ендрик.