Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Германија е домаќин на Европското првенство (ЕП) во 2024 година, но пред турнирот се соочуваат со многу предизвици.
Во изминатиот период имаше кампања за враќање на германскиот фудбалер Тони Крос во репрезентацијата, иако тој за неколку дена ќе наполни 34 години.
Дури и самиот фудбалер размислува за таква опција, но со негово враќање не се сложуваат многумина, а еден од нив е легендарниот голман Сеп Мајер.
„Не би го вратил Крос во репрезентацијата. Мислам дека не би било добро ако повторно заигра за Германија. Неговото време помина. Имаме многу други талентирани играчи на неговата позиција. Тоа што е главна тема, не значи дека мора да се врати во селекцијата“, вели Мајер.