Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанскиот гигант Реал Мадрид сака да ја продолжи соработката со германскиот фудбалер Тони Крос, но тој не е сигурен дека сака да остане во екипата.
Крос има договор до 30 јуни 2024 година, а „Марка“ пишува дека германскиот фудбалер не сака да дозволи целосен пад на формата пред да замине од Реал Мадрид.
„Крос не сака да му се случи истото што и на Марсело минатата сезона. Тој сака да го напушти клубот додека е важен играч“, пишува шпанскиот медиум.
Германецот во „кралскиот клуб“ игра веќе една деценија, односно од 2014 година, а притоа настапи на 440 натпревари и постигна 28 голови, а освои и 19 титули.