ФИФА му се заканила со суспензија на Бразил!?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Светската фудбалска федерација (ФИФА) нема да го толерира Бразил ако Едналдо Родригез не биде вратен на чело на фудбалскиот сојуз во државата.

Анонимен извор од Јужноамериканската фубдалска конфедерација (КОНМЕБОЛ) во разговор со француските медиуми откри дека ФИФА се заканила со суспензија.

„Правилата се јасни. Нема да бидат дозволени интервенции од надворешни сили во фудбалскиот сојуз“, изјавил анонимен извор од КОНМЕБОЛ.

Претседателот на бразилскиот фудбалски сојуз, Едналдо беше разрешен од должноста на 7 декември.