Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Италијанскиот тренер Карло Анчелоти реши да остане во Реал Мадрид, иако за неговите услуги постоеше интерес од Бразил.
Анчелоти во интервју пред почетокот на вториот дел од сезоната призна дека преговарал со Бразил, но приоритет му бил шпанскиот гигант.
„Сите ја знаат реалноста. Преговарав со Бразилците, но тоа што им беше јасно на сите е дека мојата иднина зависеше од Реал Мадрид. Благодарен сум за интересот, но на крајот испадна како што сакав, односно останав тука. Кога ќе заврши овој договор во 2026 година, би можел да продолжам“, кажа Анчелоти.