Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Директорот на Мерцедес, Тото Волф потпиша тригодишна соработка со тимот од Формула 1 и истиот ќе важи до крајот на 2026 година.
Волф е во германскиот тим од јануари 2013 година, а притоа со Мерцедес освои осум титули во конструктори, а минатата сезона заврши како втор.
Почетокот на новата сезона во Формула 1 е закажан за 2 март со трката за Големата награда на Бахреин.