Дејан Манасков потпиша за Пелистер


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Актуелниот македонски шампион Пелистер го ангажира поранешниот македонски репрезентаитвец Дејан Манасков.

Манасков доаѓа во екипата од Битола и ќе ја засили левата крилна позиција каде што веќе играат Цветан Кузманоски и Петар Атанасијевиќ.

Македонскиот ракометар беше шампион на Македонија и Унгарија во кариерата, а неколку пати играше на завршниот турнир во Лигата на шампиони (ЛШ) и исто така ја освои СЕХА-лигата.