Хамилтон: Ова е најтешката одлука во мојата кариера!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ферари синоќа потврди дека Луис Хамилтон потпишал повеќегодишен договор со екипата и ќе вози за италијанскиот тим од 2025 година на местото на Карлос Саинц.

Хамилтон кажа дека ја искористил опцијата да се ослободи од последната година од договорот со Мерцедес за да потпише со Ферари.

„Имав 11 прекрасни години со Мерцедес и горд сум на успесите кои ги постигнавме заедно. Мерцедес е дел од мојот живот уште кога имав 13 години. Ова е место каде што пораснав, па затоа одлуката да заминам е најтешка во мојата кариера“, кажа Хамилтон.

Британскиот возач досега освои седум титули во Формула 1 и го израмни рекордот со легендарниот Михаел Шумахер.