Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Францускиот голгетер Килијан Мбапе на лето ќе се пресели во Реал Мадрид, како што објавија голем број француски медиуми, а веќе се откриваат и детали околу нивниот договор.
Мбапе ќе потпише договор на шест години со „кралевите“ со плата од 32 милиони евра по сезона, а Реал ќе му исплати и бонус од 100 милиони евра за потписот затоа што доаѓа како слободен агент.
Напаѓачот ќе има и 60 отсто од правата, односно тоа е преседан затоа што „кралевите“ досега никогаш не прифатиле такво нешто.
Мбапе оваа сезона настапи на 28 меча во сите натпреварувања и притоа постигна 29 голови и седум асистенции.