Озил го „пецна“ Атлетико Мадрид по најавата дека ќе се воведе – син картон!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Британски „Телеграф“ објави дека ИФАБ се согласила за воведување на син картон во светот на фудбалот.

Револуционерниот потег на ИФАБ е за санкционирање на фудбалерите, кои ќе бидат отстранети од теренот на 10 минути доколку направат циничен прекршок.

Два сини картони би значеле црвен картон, а за ова коментираше и поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Месут Озил.

„Ова значи дека Атлетико Мадрид ќе игра само со шест фудбалери“, објави Озил.