ПСЖ со понуда од 160 милиони евра ќе го убедува Мбапе да не оди во Мадрид

Раководството на францускиот гигант ПСЖ планира да го премисли Килијан Мбапе од идејата да го засили Реал Мадрид и затоа сака да му понуди двегодишен договор со плата од 80 милиони евра по сезона.

„Ле Паризиен“ објави дека парижаните ќе потрошат 160 милиони евра за да го премислат Мбапе да остане во клубот.

Во изминатите денови се појавија шпекулации дека Мбапе се договорил со „кралскиот клуб“ и на лето ќе потпише договор.

Мбапе во Мадрид треба да добива плата од околу 30 милиони евра, но и 60 отсто од сумата за правата од продажбата на дресови и останато.