Гвардиола добива големо засилување во продолжение од сезоната


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Манчестер сити одигра 1-1 против Челси и направи чекор назад во трката за титулата во Премиерлигата, но тренерот Пеп Гвардиола доби добри вести.

Гвардиола на прес-конференција зборуваше за состојбата на Џек Грилиш, кој е повреден и надвор од терените.

„Не е толку лошо колку што очекувавме. Џек нема да биде долго надвор од терените. Најверојатно за три недели ќе се рехабилитира. Ова е добра вест за нас“, кажа Гвардиола.

Манчестер сити на 20 февруари му гостува на Брентфорд во одложениот меч од Премиерлигата.

Грилиш оваа сезона настапи на 14 меча за „граѓаните“, а притоа постигна три гола и една асистенција.