Клоп на еден човек посебно му се налути по финалето на „Вембли“ (Видео)


Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Германскиот тренер Јирген Клоп се закити со првиот трофеј оваа сезона, откако во финалето на Карабао Купот славеше со 1-0 против Челси.

Клоп не беше задоволен од судењето на натпреварот, а тоа го покажа и по освоениот пехар кога одби да се поздрави со главниот судија зашто не му покажал црвен картон на Каиседо откако тој незгодно го згазна Гравенберх.

Стратегот на „црвените“ им честиташе на помошниците на судијата Кавана, но не и на главниот арбитар.