Нова повреда во Челси и големи проблеми за Покетино


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Лондонскиот гигант Челси оваа сезона има сериозни проблеми со повредени фудбалери, а очигледно ѝ нема крај на агонијата на „Стемфорд бриџ“.

Челси пред неколку дена загуби од Ливерпул со 0-1 во Карабао Купот, а тренерот Маурицио Покетино во меѓувреме дозна нови катастрофални вести.

Кристофер Нкунку повторно се повредил и ќе паузира најмалку еден месец, а тоа го потврди и аргентинскиот тренер на прес-конференцијата пред мечот против Лидс.

Нкунку требаше да биде големо засилување за „сините“, но никако не може да влезе во ритам по повредите со кои се соочи.