Перез има „жртвено јагне“ кое чини 150 милиони евра


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Килијан Мбапе на лето ќе стане нов фудбалер на Реал Мадрид, а претседателот на клубот, Флорентино перез реши да „жртвува“ една од своите ѕвезди за да ослободи простор во тимот.

Шпанските медиуми пишуваат дека Перез има „жртвено јагне“ кое ќе го продаде за 150 милиони евра во Премиерлигата.

Планот на Перез е да се ослободи од услугите на Бразилецот Родриго, кој привлече интерес од Манчестер јунајтед, а премиерлигашот нема проблем да исплати толку голема сума на пари за да го реализира трансферот.

Освен доаѓањето на Мбапе во тимот, се очекува „кралевите“ да го договорат и Алфонсо Дејвис од Баерн Минхен, но и за неговите услуги најверојатно ќе треба да потрошат околу 80 милиони евра.